1. Вовед

Во Фитнес клуб ФАНКШНАЛ ПЛАНЕТ Скопје сме посветени на тоа да ја заштитиме Вашата приватност. Оваа Политика на приватност ги опишува практиките и процесите за обезбедување на Вашата приватност кои ние во ФАНКШНАЛ ПЛАНЕТ Скопје ги преземаме кога обработуваме лични податоци кои ги собираме и користиме од лица кои ја посетуваат нашата веб-платформа (www.functionalplanet.mk) и/или мобилна апликација („Фанкшнал Планет“), и од други лица чии лични податоци се користат за давање на нашите услуги и во врска со користењето на нашите продукти („Услугите“, „Продуктите“).

ФАНКШНАЛ ПЛАНЕТ Скопје може да усвои и обезбеди дополнителни политики за приватност и за обезбедување на безбедноста на податоците што ќе се применуваат за специфични продукти или услуги во моментот кога ние ги собираме личните податоци за давање на ваквите услуги.

2. Контролор на Вашите лични податоци

Фитнес клуб ФАНКШНАЛ ПЛАНЕТ Скопје, со седиште регистрирано на: ул. Драгутин Аврамовски Гуте бр.3 Скопје - Карпош, Република Северна Македонија, во улога на контролор ги собира, обработува и чува Вашите лични податоци.

3. Собирање на Вашите лични податоци

3.1. Извори на Вашите лични податоци

ФАНКШНАЛ ПЛАНЕТ Скопје ги собира личните податоци што Вие самите ни ги доставувате со воспоставување директен контакт со нас и/или се регистрирате за да добивате промотивен материјал од нас, како и со користење на нашата веб-страница, нашата апликација и на услугите и продуктите кои Ви ги нудиме.

Личните податоци кои ги собираме кога отворате Ваш профил на нашата апликација FunctionalPlanet.app ги користиме за одржување на вашиот профил, за обезбедување на нашите продукти и услуги за Вас, како и за остварување и подобрување на Вашето искуство во користењето на нашите платформи и услуги.

Лични податоци за корисниците на Фанкшнал Планет апликацијата и Фанкшнал Планет продуктите може да собираме и од трети (правни) лица, кога се остварува соработка за користење на Фанкшнал Планет апликацијата и Фанкшнал Планет продуктите во име на вработените и/или клиентите кај правните лица.

Ние исто така собираме и обработуваме лични податоци од даватели на услуги и добра со кои соработуваме заради остварување и унапредување на продуктите и услугите кои ги нудиме на нашите корисници, а со цел овозможување целосна програма која на различни аспекти ќе придонесе кон унапредување на фитнесот состојбата на нашите корисници.

3.2. Категории лични податоци кои ги собираме за Вас

Додека ги користите нашите платформи, продукти, и услуги, ние може да побараме од Вас информации со кои може да бидете идентификувани, како на пример (но не ограничувајќи се на) податоци за Вашите:

3.3. Кориснички податоци (податоци за кориснички активности и профил)

Податоци за Вашиот кориснички профил и Вашите (онлајн) кориснички активности се собираат автоматски кога ги користите нашите платформи, продукти, и услуги. Податоци за Вашите кориснички активности може да вклучуваат информации за IP адресата на вашиот уред од кој се логирате на нашите платформи, типот и верзија на пребарувачки софтвер (browser) кој го користите за да пристапите до нашите платформи и услуги, страните кои ги користите од нашите платформи, датумот и времето кога се логирате на нашите платформи, како и времетраењето на Вашата посета на нашите платформи, уникатни идентификатори на Вашиот уред од кои се логирате, и други дијагностички податоци за вашата онлајн активност на нашите платформи и пристап до нашите услуги.

Кога пристапувате до нашите платформи и услуги преку мобилен уред, ние може да собираме одредени податоци автоматски, вклучително и типот на мобилниот уред кој го користите, уникатниот ID (идентификациски број) на мобилниот уред, оперативниот систем на мобилниот уред, типот на мобилен интернет и пребарувачки софтвер кои го користите, и други идентификатори и дијагностички податоци за вашиот мобилен уред.

Ние исто така може да собираме податоци кои Вашиот пребарувачки софтвер ги испраќа секогаш кога пристапувате до и ги користите нашите платформи и услуги.

3.4. Податоци кои ги собираме од трети страни – социјални медиуми

Ние може да собираме и користиме лични податоци кои сте ги споделиле со креирање на профил и/или со инакво делување во јавниот домен со трети страни – социјални мрежи.

Ние исто така може да пристапиме во комуникација со Вас преку Вашите профили на трети страни – социјални мрежи заради остварување иницијална комуникација и потенцијална соработка со вас.

Исто така, Вие може да креирате сметка и да се логирате (да пристапите) кон користење на нашите платформи и услуги преку ваш профил на социјални мрежи или кога сами ги споделите со нас како дел од сведоштвата за вашето позитивно корисничко искуство со нашите програми и услуги.

3.5. Податоци кои ги собираме додека ја користите апликацијата Фанкшнал Планет

Кога ја користите нашата апликацијата FunctionalPlanet.app ние може, по претходна дозвола/согласност од Вас, да собираме информации за вашата (географска) локација за да ви овозможиме што подобро и полесно користење на сите можности во нашата апликација, и притоа за да ја подобриме, усовршиме и подесиме апликацијата и продуктите кои ги нуди, како и другите услуги кои ви ги нудиме. Вие може да дозволите или оневозможите пристап до ваквите податоци во секое време, преку адаптирање на поставувањата на вашиот мобилен уред.

4. Технологии за пратење и колачиња

Кога ги посетувате нашите платформи, ја користите Фанкшнал Планет апликацијaта, се регистрирате за и го користите Вашиот кориснички профил, или побарате понатамошни информации за Фанкшнал Планет продуктите и промоциите, ние автоматски собираме податоци со користење на колачиња и пиксели за пратење.

Вака собраните податоци, ние и нашите партнери, ги користиме за да ги анализираме движењето на нашите платформи и трендовите на користење на нашите продукти и услуги, за да ги управуваме нашите онлајн платформи (веб-страници, апликации, профили на социјални мрежи) – самостојно или со помош на даватели на услуги за хостирање, како и за собирање на податоци за корисниците на нашите услуги и платформи.

Технологиите кои ги користиме за пратење на активностите на нашите платформи и собирање информации потребни за анализа, оцена, и усовршување на нашите платформи и услугите кои ви ги нудиме може да вклучуваат: водичи (beacons), етикети (tags), и записи (scripts).

Подетални информации за начините и целите за кои користиме колачиња на нашите платформи може да се најдат во нашата Политика за колачиња, која е достапна на functionalplanet.app.

5. Цели на користење на Вашите лични податоци

Ние може да ги користиме Вашите лични податоци за следниве цели:

5. Правни основи за обработката на Вашите лични податоци

Ние може да обработуваме лични податоци во следниве случаи, односно по основ на:

6. Откривање и пренос на Вашите лични податоци на трети страни

Нашиот однос со третите страни е уреден со Договор, кој регулира дека се правата и обврските во врска со заштитата на личните податоци и технички и организациски мерки за безбедност на Вашите лични податоци.

7. Пренос на Вашите лични податоци во трети земји

Личните податоци може да бидат пренесени во трети држави надвор од Европската Унија или Европскиот економски простор. Ова може да биде во контекст, на пример, на нашето користење на услуги и платформи на трети страни кои се лоцирани во САД. Во вакви случаи, ние целиме да осигураме дека страните чии услуги ги користиме од трети земји ги почитуваат законските и договорните стандарди за обработка на личните податоци и преземаат соодветни организациски и технички мерки за зачувување на безбедноста на личните податоци при обработката.

За оваа цел, ние склучуваме договори за обработка на личните податоци со даватели на услуги во/од трети земји, кои договори го регулираат преносот на личните податоци до трети земји и може да вклучуваат стандардни договорни клаузули издадени од Европската Комисија за пренос на податоци во трети земји, и/или реципроцитетни стандардни клаузули издадени од Агенцијата за заштита на личните податоци.

8. Чување и безбедност на Вашите лични податоци

Ние користиме различни технологии и процедури и преземаме повеќе безбедносни мерки за да ги заштитиме Вашите лични податоци од неовластен пристап и од противправно користење и/или споделување на истите.

Фанкшнал Планет ги чува Вашите лични податоци на начини и за цели утврдени со оваа Политика на приватност за времетраењето што е неопходно за остварување на така утврдените цели, освен доколку законот дозволува или наложува нивно чување за подолг период.

Кога Вашите лични податоци не ни се повеќе потребни за остварување на целта заради која сме ги собрале и се обработуваат, ние на навремен и безбеден начин ги бришеме.

Ние може да продолжиме да ги чуваме Вашите лични податоци подолго од утврдениот рок за нивно чување, доколку ова е потребно заради остварување на Вашите и нашите законски и договорни права и обврски, како и заради решавање спорови и остварување права и обврски кои ги имаме према трети страни, заради остварување на наши легитимни интереси (на пример, за остварување деловни цели, усовршување на нашите производи, одржување компетитивност на пазарот, водење на правни постапки итн.), како и заради усогласување на нашите безбедносни мерки и стандарди во однос на безбедноста, интегритетот и оперативноста на Фанкшнал Планет апликацијата и на другите наши платформи, услуги, и продукти.

9. Автоматизирано носење одлуки

Вашите податоци може да бидат предмет на автоматизирано донесување одлуки врз основа на информации за вашите преференци, претходна интеракција со нас и употреба на услугите или демографски податоци со цел да доставиме маркетинг понуди кои најмногу одговараат на вашите интереси, но само со ваша претходна согласност.

10. Вашите права во однос на заштита на личните податоци

Вашите права во однос на користењето и обработката на Вашите лични подаотци за време и во контекст на процесот за вработување вклучуваат:

11. Oстварување на Вашите права во однос на заштитата на личните податоци

Доколку имате прашање, барање, или жалба во однос на обработката на Вашите лични податоци во Фанкшнал Планет во однос на Вашите права поврзани со обработката, Ве молиме да се обратите на нашиот Офицер за заштита на личните податоци на пополнување на нашата страна која има посебна форма за пополнување или испратете ни електронска порака на functionaplanet22@gmail.com или телефон +389 70 393 339.

Испраќање на вакво барање е бесплатно, а обработката на истото ќе побарува дополнителни трошоци само во исклучителни околности.

Имате право да поднесете приговор и до Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) против обработката на Вашите лични податоци, и тоа со поднесување Барање на info@privacy.mk или со посета на нивната веб-страница: https://dzlp.mk/prizlnlp.

12. Промена на Политиката за приватност

Политиката за приватност редовно ќе се проверува и ажурира, како и по потреба и соодветно на настанатите промени и нашите активности.

Доколку имате прашања за оваа Политика на приватност или за начинот, целите и други прашања во однос на тоа како ги користиме и обработуваме Вашите лични податоци, Ве молиме пишете ни на следнава е-пошта: functionalplanet22@gmail.com